Почитувани колеги студенти,
Научниот Клуб “Акад. Проф. Димитар Арсов“ при Македонската Медицинска Студентска Асоцијација – ММСА веќе подолго време работи на подигање на свеста кај студентите во однос на вклученоста и ангажираноста на истите во науката и на подобрување на критичкото научно размислување меѓу студентите на Медицинскиот факултет во Скопје.
Студентскиот Научен Клуб при ММСА има за цел промоција на науката кај студентите по медицина и биомедицински науки. Цели и задачи на истиот се организирање на проекти кои ќе имаат директен и индиректен допринос за запознавање и унапредување на познавањата на научните принципи кај студентите и промовирање на научниот пристап во медицинската практика. Воедно обезбедува и подршка и советување за изработка на студентски теми кои студентите ги презентираат на научни конгреси за студенти.
За нас, најважен настан е организација на Интернационалниот Медицински Научен Конгрес за студенти по медицина и млади лекари, кој традиционално се одржува во Охрид во месец мај а воедно успешноста на Конгресот се мери преку квалитетот на трудовите презентирани од страна на студентите.
Со цел да се искачиме едно скалило погоре во изработка на студентски научни теми членовите на Научниот Клуб изработија „База на професори кои се согласни за менторство на студенти за изработка на научен труд“. Што тоа значи? Научниот Клуб оформи база на професори и асистенти при Медицинскиот факултет во Скопје кои се заинтересирани да се вклучат во овој проект – прифаќање на менторство на студенти. Членовите директно од име на Научниот Клуб ги контактираа долунаведените професори и асистенти за нивна согласност. Овој проект е со цел да се олесни комуникацијата меѓу професорите и асистентите од една страна и студентите од друга страна. Имено, на Вас како студенти Ви стојат на располагање за соработка сите професори и асистенти кои се вклучени во овој проект доколку би сакале да изработите Научен труд и со истиот да учествувате на било кој Конгрес во Македонија и странство, без притоа да морате сами да барате асистент или професор кој би ви бил ментор – тоа веќе е направено од Научниот Клуб. На Вас преостанува желбата за наука, заинтересираност да изработите Научен труд и да ги исконтактирате професорите или асистентите.
Подолу ви е прикажана листата на професори и асистенти. Притоа, доколку сакате да изработите научен труд, не е задолжително да Вашиот ментор биде од листата на ментори на Научниот клуб.
Доколку имате било какви прашања во врска со овој проект, темите на професорите и асистентите или останати нејаснотии може да се обратите на scicom.imsc@gmail.com. Притоа Ве замолуваме пред да исконтактирате било кој професор или асистент известете го Научниот Клуб за истото, да избегнеме насочување на поголем број на студенти кон еден професор или асистент.
Листа на професори, доценти и асистенти при Медицинскиот факултет во Скопје кои се дел од проектот на Научниот Клуб и согласни да бидат ментори на студентите во изработувањето на студентски научен труд:
- Проф. Д-р Маргарета Балабанова Стефанова (Клиника за дерматовенерологија)
- Доц. Д-р Гордана Китева-Тренчевска (Клиника за неврологија)
- Проф. Д-р Наталија Банева Долненец (Клиника за неврологија)
- Доц. Д-р Арбен Таравари (Клиника за неврологија)
- Проф. Д-р Љубица Георгиевска Исмаил (Клиника за кардиологија)
- Проф. Д-р Сашко Кедев (Клиника за кардиологија)
- Асс. Д-р Игор Спироски (Клиника за кардиологија)
- Проф. Д-р Соња Генадиева Ставриќ (Клиника за хематологија)
- Проф. Д-р Викторија Чаловска (Клиника за гастроентерохепатологија)
- Проф. Д-р Гордана Пемовска (Клиника за ендокринологија и болести на метаболизмот)
- Д-р Снежана Марковиќ (Клиника за ендокринологија и болести на метаболизмот)
- Проф. Д-р Ангелко Ѓорчев (Клиника за пулмологија)
- Проф. Д-р Марина Давчева Чакар (Клиника за уво, нос и грло)
- Проф. Д-р Никола Николовски (Клиника за уво, нос и грло)
- Проф. Д-р Јане Нетковски (Клиника за уво, нос и грло)
- Асс. Д-р Ирина Дума Васкова (Клиника за уво, нос и грло)
- Проф. Д-р Весна Димовска Јорданова (Клиника за офталмологија)
- Проф. Д-р Магдалена Антова Велевска (Клиника за офталмологија)
- Проф. Д-р Илија Панговски (Клиника за неврохирургија)
- Асс. Д-р Илир Вела (Клиника за торакална и васкуларна хирургија)
- Проф. Д-р Горан Кондов (Клиника за торакална и васкуларна хирургија)
- Проф. Д-р Зоран Караџов (Клиника за абдоминална хирургија)
- Проф. Д-р Ѓорѓе Џокич (Клиника за пластична хирургија)
- Проф. Д-р Смиља Туѓарова (Клиника за пластична хирургија)
- Доц. Д-р Елизабета Мирчевска (Клиника за пластична хирургија)
- Асс. Д-р Виктор Тренчев (Клиника за пластична хирургија)
- Проф. Д-р Владимир Чадиковски (Клиника за детска хирургија)
- Проф. Д-р Славејко Сапунов (Клиника за гинекологија)
- Проф. Д-р Весна Антовска (Клиника за гинекологија)
- Проф. Д-р Марјан Стојовски (Клиника за гинекологија)
- Асс. Д-р Корнелија Трајкова (Клиника за гинекологија)
- Проф. Д-р Стојка Нацева Фустиќ (Клиника за детски болести)
- Проф. Д-р Ацо Поповски (Клиника за детски болести)
- Проф. Д-р Велибор Тасиќ (Клиника за детски болести)
- Доц. Д-р Костадина Манева (Клиника за детски болести)
- Асс. Д-р Лидија Карева (Клиника за детски болести)
- Асс. Д-р Соња Бојаџиева (Клиника за детски болести)
- Проф. Д-р Викторија Вујовиќ (Клиника за психијатрија)
- Проф. Д-р Димитар Боневски (Клиника за психијатрија)
- Проф. Д-р Климе Ѓоревски (Институт за радиологија)
- Проф. Д-р Михаил Кочубовски (Институт за јавно здравје)
- Проф. Д-р Даниела Миладинова (Институт за нуклеарна медицина и патофизиологија)
- Доц. Д-р Александар Петличковски (Институт за имунобиологија и хумана генетика)
- Проф. Д-р Милена Петровска (Институт за микробиологија)
- Проф. Д-р Никола Пановски (Институт за микробиологија)
- Проф. Д-р Никола Лабачевски (Институт за фармакологија)
- Доц. Д-р Димче Зафиров (Институт за фармакологија)
- Проф. Д-р Драган Даниловски (Институт за епидемиологија)
- Проф. Д-р Весна Велиќ Стефановска (Институт за епидемиологија)
- Проф. Д-р Розалинда Исјановска (Институт за епидемиологија)
- Проф. Д-р Кристин Василевска (Институт за епидемиологија)
- Проф. Д-р Билјана Таушанова (Институт за епидемиологија)
- Проф. Д-р Бети Зафирова (Инситут за епидемиологија)
- Проф. Д-р Никола Оровчанец (Институт за епидемиологија)
- Проф. Д-р Миленка Благоевска (Институт за трансфузиологија)
- Асс. Д-р Татјана Макаровска Бојаџиева (Институт за трансфузиологија)
- Проф. Д-р Весна Јаневска (Институт за патологија)
- Доц. Д-р Рубенс Јовановиќ (Институт за патологија)
- Проф. Д-р Лилјана Спасевска (Институт за патологија)
- Проф. Д-р Сунчица Петровска(Институт за физиологија)
- Доц. Д-р Сања Манчевска (Институт за физиологија)
- Доц. Д-р Људмила Ефремовска (Институт за физиологија)
- Проф. Д-р Марија Папазова (Институт за анатомија)
- Проф. Д-р Костандина Корнети Пеќевска (Институт за анатомија)
- Науч. Сор. Ники Матвеева (Институт за анатомија)
- Асс. Д-р Билјана Зафировска (Институт за анатомија)
- Асс. Д-р Билјана Трпковска (Институт за анатомија)
- Асс. Д-р Елизабета Чадиковска (Институт за анатомија)
- Проф. Д-р Даница Лабудовиќ (Институт за биохемија)
- Проф. Д-р Јасмина Богданска (Институт за биохемија)
- Доц. Д-р Катерина Тошеска Трајковска (Институт за биохемија)
- Асс. Д-р Ирена Костовска (Институт за биохемија)
- Проф. Д-р. Биљана Герасимовска Китановска (Институт за фамилијарна медицина)
- Науч. Сор. Зоран Стојановски (Институт за фамилијарна медицина)
Со почит,
Организационен Комитет на 38ми Интернационален Медицински Научен Конгрес
При Македонската Медицинска Студентска Асоцијација – ММСА